сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Митинг на Европски сојуз и Пендаровски: Eвропски развој наспроти нив кои сакаат враќање на режимот

Во рамки на митингот на коалицијата на СДСМ – Европски сојуз, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека ВМРО-ДПМНЕ без да се извини за заробената држава, практично не нуди ништо освен враќање на режимот. Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски рече дека ги признава грешките, но дека опозицијата од етничките прашања прави политички бизнис. Свое обраќање имаше и некогашниот премиер на Шведска, актуелен претседател на Партијата на европски социјалисти, Стефан

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи за понудата на најголемата опозициона партија во текот на политичката кампања, Пендаровски истакна дека наместо предлози за подобро денес и утре на граѓаните и на државата, тие ги рециклираа истите политички решенија кои ја донесоа државата во статус на изолирана и заробена, со власт која монтираше политички процеси и земја во која имаше политички затвореници и новинари во затвор.

„Да бидеме искрени, дали некој воопшто од нас кој го памети режимот, имаше причина да се надева на поинакво однесување од партијата која организираше насилен упад во парламентот, а, денес и по седум години, не само што не се извини на жртвите и на целиот народ поради тој срамен чин, туку најавува амнестија на насилниците кои беа спремни да убиваат само за нивните политички ментори да останат на власт“, рече Пендаровски и праша дали во оваа кампања понудија нешто во однос на двата клучни предуслови за стабилна и просперитетна држава: евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи.

Прво, во обид да ги манипулираат граѓаните, нивниот став за нашата интеграција во НАТО доживеа невидена трансформација. Лично од нивната кандидатка за претседател чувме дека интеграцијата во НАТО алијансата била важна за стабилноста на земјата, а истата личност пред 4 години бараше кривична одговорност за потписниците на Преспанскиот договор. Партијата која ја поддржува, за овој политички лупинг не кажа ниту збор, мислејќи дека ги имаме заборавено жестоките критики и тешките лични навреди упатени кон сите нас, кои го поддржуваме тој договор. За да биде парадоксот уште поголем, високи претставници на таа опозициона партија поверуваа во сопствената пропаганда и две години по усвојувањето на преговарачката рамка сѐ уште не знаат што пишува во неа: имено, дека целокупното европско законодавство ќе биде преведено и на македонски јазик, а македонскиот ќе биде еден од официјалните јазици во таа организација во моментот кога ќе станеме членка. Сакаат да заборавиме и дека во септември минатата година не се случи потпишувањето на договорот со Фронтекс, европската агенција за чување на границите на Шенген зоната кој го потпишавме и на македонски јазик “, додаде Пендаровски.

Во оваа насока тој потенцираше дека нивниот таканаречен предлог за деблокада на нашиот европски пат кој им го подметнуваат на сопствените граѓани е да ја репреговараат преговарачката рамка со Унијата, иако сите високи претставници на ЕУ велат дека тоа е завршена работа.

„Пред странските дипломати изразуваат формална подготвеност за деблокада, висок претставник од нивната сестринска партија од Германија, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени, а, овие и понатаму секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат“, заклучи Пендаровски.

Лидерот на СДСМ истакна дека на овие избори не се одлучува само за тоа која партија ќе ја води државата во наредните четири години, туку и се избира помеѓу надеж за подобро утре без откажување од Европската Унија од една страна, и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.

„Правото на глас е највредниот симбол на демократијата. Затоа, многу е важно кому ќе му го дадете вашиот глас и правото да ја води државата во наредните четири години. Јас сум свесен дека таа одлука не е лесна. Но, запомнете, на 8 мај изборот нема да биде само помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. На 8 мај, а и во првиот круг од претседателските избори сега во среда, одлучуваме помеѓу надеж за подобра и просперитетна иднина во ЕУ и безнадежност, очај и враќање во мрачните времиња кога со Македонија царуваше менторот на Мицкоски – Никола Груевски“, рече Ковачевски.
Тој нагласи дека за ЕУ нема алтернатива и дека ВМРО-ДПМНЕ попусто ги заплашува граѓаните дека тоа е по цена на македонскиот идентите.
Знаеме дека патот до ЕУ не е лесен. Свесни сме дека ЕУ не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија. Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила е енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност“, изјави Ковачевски.

Поранешниот шведски премиер и актуелен лидер на групата на Социјалистичките партии во Европа (ПЕС), Стефан Левен, порача дека СДСМ со коалицијата и со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се единствените што имаат јасен план каде да се движи натаму Македонија кон ЕУ. Левен, како прв говорник на митингот, нагласи дека Партијата на европските социјалисти им дава силна поддршка и порача дека ПЕС силно го поддржува членството на Македонија во ЕУ и верува дека Европа ќе биде посилна – ако ја вклучи и нашата земја.

Според него, во ПЕС се горди што владата на СДСМ успеала да го оствари тоа што конзервативците (ВМРО-ДПМНЕ) тврделе дека не е можно и ја удвоиле минималната плата во земјата наспроти заплашувањата дека тоа ќе доведе до губење на работните места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ