недела, 19 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Митева: И Македонците и Албанците и сите исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард

Факт е дека и Македонецот и Албанецот и Турците и Власите и сите останати граѓани во Македонија имаме иста мака. Кога велиме дека е тежок животот по однос на егзистенцијалните прашања и по однос на оној лош животен стандард којшто го имаме исто го чувствуваме тоа, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник за поткастот на Ора24.тв.

Објавено на

часот

Сподели

И кога ќе се доведеме во ситуација да заклучиме дека во државата нема систем, тогаш граѓаните велат јас навистина можеби и со овие финансиски средства што ги имам ќе одам да живеам надвор затоа што таму некаде ќе ме почитуваат и нема да ми се случува ова што ми се случува.

Мора да застанеме со таквите политики и мора да сме свесни дека кога маката е иста, решението треба да биде исто за секого. Не можеме ние по ниту една основа да ги делиме граѓаните и кога ќе имаме влада ќе треба да размислуваме буквално како на секој еден човек кој се труди, кој работи, егзистира во Република Македонија да му помогнеме. Нашата цел е да ја вратиме довербата дека Македонија може да биде функционална држава“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ