недела, 20 октомври 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Филипче и Заев ги поврзуваат фирми и во Бугарија и во Македонија

„Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија. Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис. Во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името Фос имерас, што преведено од грчки јазик значи – дневна светлина. Сопственици на Фос имерас се две компании – Тотал инженеринг од Струмица во сопственост на Вице Заев и Плус нетворк од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче“, рече на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ пратеничката и портпаролка, Марија Митева.

Објавено на

часот

Сподели

„Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23.000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција. Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија“, рече Митева.

Таа рече дека брзале да ја изградат соларната централа додека била СДСМ на власт и потсети на истражувањето на ИРЛ.

„Според објавените податоци, прв сопственик на земјиштето била фирмата Панама резорт од Скопје. Таа во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првичната намена била да се изгради винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, оваа фирма да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче.

Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата. Бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно. Вице Заев и Никола Филипче летале низ процедурите“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива, како што нагласи, во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење.

„Иако, праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.

Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата Тотал инженеринг на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија Фос имерас, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена“, рече пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ