„Медикал 420 БГ е фирмата во чија поддружница во Битола во 2022 година биле пронајдени наркотици во вредност од 800 илјади евра, иако на истата фирма една година претходно ѝ била одземена лиценцата. Оваа фирма во Македонија добила лиценца за производство на марихуана од владата на Зоран Заев, кој кога се одземала нејзината лиценца се изземал од одлучување, со објаснување дека се работи за сопствен приватен интерес или интерес на блиско лице“, наведе Митева.
Таа рече дека фирмата за која Заев потврдил дека тој или блиско лице имаат сопствен интерес е фирмата од која потекнувала и дел од марихуаната која беше запленета во акција на Агенцијата ДЕА на Плетвар. Во таа акција беше уапсен личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир, нагласи Митева.
Фото Гугл – мапа: Локацијата во Петрич посочена од ВМРО-ДПМНЕ
„За овој скандал Албанската ТВ Ора објави дека има прислушувани разговори кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија во тоа време директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата тогаш објави дека бил вмешан и Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер“, изјави пратеничката.
Таа потоа нагласи дека СДСМ и сега е водена од истите луѓе, истиот близок круг и фирми кои се наоѓаат на иста адреса.
„Венко Филипче е должен да одговори, дали ја сокрил фирмата во Бугарија од анкетниот лист, за да не се доведе во поврзаност со Медикал 420 од која исчезнуваше марихуана,, фатена во меѓународна акција за за сузбивање на трговија со наркотици“, нагласи на крајот пратеничката и портпаролка Марија Митева.