сабота, 27 јули 2024

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева денеска на прес-конференција прикажа писмо за кое вели дека е „доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот“.

Објавено на

часот

Сподели

„Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра. Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра. Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче,“ рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ