сабота, 27 јули 2024

Митев: И Германија има слаби страни, наше е да ги искористиме

По поразот во првото коло против Франција, македонските ракометари фокусот го ставаат на следниот противник, домашната селекција на Германија со која играме во недела во Берлин.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари денеска го одработеа првиот тренинг во „Мерцедес-Бенз Арена“ во Берлин каде во недела со почеток од 20:30 часот играме против Германија.

Марко Митев, еден од најголемите таленти во нашата селекција, ветува дека тој и останатите ракометари ќе го дадат најдоброто од себе до последната секунда од мечот.

„Ќе биде тежок натпревар, бидејќи играме против домаќинот Германија, која е фаворизирана пред дуелот со нашата селекција. Тоа не е причина да не се бориме и да не го дадеме нашиот максимум до последната секунда. Противникот почнавме да го анализираме, имаме уште два дена да се подготвиме убаво. И тие имаат слаби страни, на нас е да пробаме да ги најдеме и да пробаме да ги искористиме“, рече Митев.

Германија одигра фантастична одбрана против Швајцарија, примија само 14 голови.

„Германците одиграа навистина фантастично во одбраната против Швајцарија, а и на нивните голмани им беше денот. Но, тоа не значи дека така ќе биде и на нашата средба задутре во Берлин. Ќе дадеме се од себе за да не биде така“, додаде Митев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ