сабота, 27 јули 2024

Митев: Ако бидеме сплотени и се држиме до планот, Македонија може да се покаже во добро светло на ЕП

Еден од најдобрите ракометари на Македонија во моментов, младиот Марко Митев е оптимист за настапот на Европското првенство иако се наоѓаме во исклучително тешка група.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре од 18 часот го почнува настапот на Европското првенство во ракомет. Играме против Франција, а во нашата група се уште и Германија и Швајцарија.

Имаме тешка група од која само две репрезентации продолжуваат понатаму, а тоа значи дека шансите не ни се многу големи.

Еден од нашите адути е ракометарот Марко Митев кој оптимистички е расположен пред почетокот на континенталниот турнир.

„Македонија може да се претстави во добро светло ако бидеме сплотени на теренот и направиме сè што имаме зацртано претходно. Нема лесно да се предадеме и ќе се бориме до последната секунда на теренот. Важна ни е поддршката од трибините, тоа ќе ни даде дополнителен мотив за борба и да оставиме срце на теренот. Македонската публика е гласна каде и да се појави и тоа ќе ни помогне во битката против ривалите. Спортски е да се надевате на шанса и против репрезентации како Франција и Германија, ќе се надигруваме и ќе дадаме максимум на теренот“, кажа Митев.

Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ