За Цикарски ова е враќање во Вардар, од таму ја почна својата професионална фудбалска кариера.
„Знам што значи да се носи дресот на ФК Вардар. Знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав“, вели Цикарски.
„Очекувањата за новата сезона се високи. Знаеме каде припаѓа клуб каков што е ФК Вардар. Се надевам на успешна полусезона и да го искачиме ФК Вардар таму каде што му е местото, во врвот на македонскиот фудбал“.