Како што пренесе агенцијата Франс прес, градските власти на украинската престолнина соопштиле дека блесокот го предизвикал сателит на НАСА кој повторно влегол во атмосферата, додека американската вселенска агенција негира вмешаност.
НАСА порача дека изгледа дошло до забуна поради претходното соопштение на таа агенција дека расходуван сателит од 300 килограми ќе влезе во атмосферата во четврток наутро, пишува Ројтерс.
? More video of the strange flash in #Kyiv.
We are awaiting official information from the Ukrainian Air Forces. pic.twitter.com/n55vzhlv5k
— KyivPost (@KyivPost) April 19, 2023
Украинските воздухопловни сили објавија дека за светлината би можел да биде одговорен сателит или метеорит.
„Активирана е тревогата за воздушен напад, но противвоздушната одбрана не се активираше“, кажа началникот на киевската воена управа Сергеј Попко.