петок, 26 јули 2024

Мишовска освои сребро на ЕП во Задар

Македонската каратистка, Михаела Мишовска загуби во финалето на Европското првенство кое се одржува во Задар, но среброто е нејзиниот најголем успех во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Македонката загуби од домашната каратистка Сгардели со убедливи 8-0 на поени. Сепак среброто е најголемиот успех за Македонија на ова Европско првенство.

Мишовска е единствената натпреварувачка од Македонија која освои медал на ЕП во Задар.

Петар Заборски имаше шанса да се бори за бронзен медал, но на крајот го освои петтото место во својата кариегорија. Тој беше поразен од Дуарте од Португалија.

Македонските ката тимови и во двете конкуренција го освоија 7. место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ