сабота, 27 јули 2024

Мишко Ралев поднесе оставка во ИО на СДСМ, од партијата велат поради лични причини

Објавено на

часот

Сподели

Во СДСМ ги негираат сомнежите пројавени во политичките кругови дека оставката на Мишко Ралев  е резултат на длабоко несогласување со начинот како е постигнат договор внатре во Владата за изградба на коридорите 8 и 10д, како и поради несогласување со содржината на договорот со Бехтел и Енка и неговата тајност за тие што немаат безбедносен сертификат.

„Ве известуваме дека Мишко Ралев поднесе оставка од функцијата член на Изворшниот одбор на СДСМ од лични причини и оставката не е поврзана со коридорите 8 и 10д“, се вели во официјалниот одговор од СДСМ за МКД.мк.

Професорот Ралев е истакнат член на Асоцијацијата на архитекти и важи за авторитет во сферата на архитектурата и градежништвото.

                                                                                                             Фото: Фејсбук Мишко Ралев

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ