Во СДСМ ги негираат сомнежите пројавени во политичките кругови дека оставката на Мишко Ралев е резултат на длабоко несогласување со начинот како е постигнат договор внатре во Владата за изградба на коридорите 8 и 10д, како и поради несогласување со содржината на договорот со Бехтел и Енка и неговата тајност за тие што немаат безбедносен сертификат.
„Ве известуваме дека Мишко Ралев поднесе оставка од функцијата член на Изворшниот одбор на СДСМ од лични причини и оставката не е поврзана со коридорите 8 и 10д“, се вели во официјалниот одговор од СДСМ за МКД.мк.
Професорот Ралев е истакнат член на Асоцијацијата на архитекти и важи за авторитет во сферата на архитектурата и градежништвото.
Фото: Фејсбук Мишко Ралев