„Не знам за вас, но се чувствувам возбудено!“ изјави Обама во обраќањето пред делегатите на партиската конвенција во Чикаго. „Имаме можност да избереме личност која цел живот работеше да им ги обезбеди на сите луѓе истите можности што нејзе ѝ ги пружи Америка“, рече тој.
Покрај него, на конвенцијата пристигна и неговата сопруга Мишел, која многу демократи сакаат да ја видат во иднина на местото претседател. „Америко, ни се враќа надежта“, рече таа проследено со силен аплауз од публиката.
.@MichelleObama: “Something wonderfully magical is in the air…it’s spreading all across this country…a familiar feeling that’s been buried too deep for far too long…It’s the contagious power of hope…America, hope is making a comeback!” #DNC pic.twitter.com/9eve3v5KuN
— CSPAN (@cspan) August 21, 2024
Во својот говор Мишел Обама се осврна на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. „Тој човек направи сè што можеше за кај луѓето да предизвика страв од нас“, рече таа, мислејќи на себе и својот сопруг, кој престојуваше во Белата куќа од 2009 до 2017 година.
„Неговите ограничени светогледи доведоа до тоа да се згрозува од појавата на двајца вредни, високообразовани, успешни луѓе, кои згора на се се црнци“, нагласи Мишел Обама, по што доби уште овации од публиката.
„Кој ќе му каже дека работата за која повторно се пријави може да биде само една од оние „црнечки работни места“? праша таа, со што ја насмеа толпата.
BEST MOMENT OF NIGHT AT DNC:
Michelle Obama to Trump: “Who is going to tell him that the job that he is currently seeking might just me one of those ‘black jobs’?” pic.twitter.com/z0ycTD8pJG
— Brian Krassenstein (@krassenstein) August 21, 2024
На конвенцијата преку виртуелна пат од предизборниот митинг во Милвоки се приклучи и потпретседателката на САД и демократска кандидатка за нов претседател Камала Харис. Во тој момент делегатите во Чикаго подигнаа транспаренти со натпис „слобода“. Интересно, Харис зборуваше од истото место каде што пред еден месец републиканците ја одржаа својата конвенција и официјално го избраа Доналд Трамп за свој кандидат.
Во својот говор, Харис го критикуваше Трамп, кој рече дека не жали за одлуката на Врховниот суд од 2022 година, со која се поништи пресудата Роу против Вејд од 1973 година. Тоа е пресуда со која жените добија уставно право на абортус.
„Верувам дека лошото однесување не може да остане неказнето. Ќе се погрижиме тој да се соочи со последици, а тоа ќе се случи на гласачките места во ноември“, рече Харис. Во претстојната кампања, демократите го гледаат правото на абортус како едно од прашањата што може да им донесе победа.