„По само четири месеци раководење со Министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија. Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на Министерството. Армијата сега располага со четири хеликоптери. Благодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира со цел да бидеме подготвени за периодот што следува“, напиша Мисајловски.
Мисајловски: По целосната негрижа, во касарната пристигнаа двата воени хелиокоптери од ремонтот во Чешка
Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Објавено на
часот