сабота, 4 јануари 2025

Мисајловски и Лафчиски: Продолжуваме сплотено во 2025 за подобра одбрана и посилна армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Министерството за одбрана на предновогодишна средба со вработените се обратиле и доделиле признанија на пензионирани припадници, офицери и подофицери од Армијата за нивниот професионален ангажман, достигнувања и придонес во реформите на aрмијата.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, соопштија од МО, свечено во чин полковник биле унапредени двајца офицери на Aрмијата.

Министерот Мисајловски им се заблагодарил на вработените во министерството и во армијата за нивната соработка и посветеност во работата и им порачал дека и следната година продолжуваат заедно и сплотени да работата за уште подобра одбрана и посилна армија.

„Имаме одлична соработка изминативе шест месеци, покажуваме доверба и синергија заеднички да продолжиме успешно да работиме и во наредната година. Ви се заблагодарувам на сите вас за сето она што го направивте“, рекол министерот.

Генералот Лафчиски им се заблагодари на пензионираните припадници за нивната долгогодишна служба во Армијата и за фактот дека тие, „направија многу и го трасираа патот за следните генерации“. На припадниците и вработените во министерството и Армијата им ја честитал новата година и претстојните празници и посакал кохезијата во работата да продолжи и во 2025 година.

На средбата присуствувале и заменик-министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, раководителите во министерството и началниците на секции во генералштабот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ