понеделник, 21 октомври 2024

Мисајловски: Хеликоптерите од Леонардо се премногу скапи, но мора да го спроведеме договорот

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска потврди дека ќе продолжи да се спроведува договорот за набавката на осум хеликопетри од италијанскиот производител Леонардо, склучен на ниво на држава со држава од поранешната Влада и ја повика Антикорупциската комисија да се произнесе поскоро за поднесената претставка по однос на набавката.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска официјално ќе имаме управна група на која што ќе има две точки за разгледување – новиот буџет за наредната година каде треба да ги испланираме сите средства и исто така да ги видиме програмските цели за наредната година. Тука се сите оние цели што НАТО ги задава како нашата обврска, но и да ги разгледаме сите потребни наши чекори како да обезбедивме средства за дополнителни финансии. Со Леонардо имаме  потпишан договор за пристигнување осум хеликоптери кој чини навистина премногу. Вчера имавме состанок со амбасадорот и со новото аташе и со старото кое замина. Разговаравме за повеќе работи. Сега треба да се формираат дополнителни тимови каде што ќе започне оваа постапка за да се почитува договорот“, рече Мисајловски одговорајќи на новинарско прашање останува ли договореното хеликоптерите Леонардо да почнат да пристигнуваат во 2026 година.

Иако имаше и една претставка од ДКСК за овој предмет, рече дека сѐ уште немаат добиено информации.

„Ја користам оваа прилика да повикам да се разгледа повторно таа преставка и да стигне до нас, бидејќи сакаме да знаеме што се случувало во минатото. Но она што е склучено по договор ние мора да продолжиме да го работиме, а тоа е една огромна набавка од преку 300 милиони евра за нови осум хеликопетри. Се очекува првиот во 2026 година, а низ годините да пристигнат и останатите хеликопетри“, рече Мисајловски.

Тој нагласи дека Министерството за одбрана ќе информира за сите детали околу реализацијата на оваа набавка.

„Мене ми е навистина жал што во овој момент ги немаме хеликоптерите бидејќи знаете што се случува во Македонија, и навистина ни се потребни, но така одат овие набавки склучени држава со држава. И за сѐ она што ќе се случува транспарентно максимално ќе биде објавено, за нивното пристигнување. Тие ќе имаат дополнителна инсталација за потреба во случај на пожари“, рече Мисајловски по примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарната Илинден.

Договори држава со држава земјата, посочи, има склучено и со Франција и со САД за страјкерите, и сѐ она што е веќе потпишано ќе се реализира и ќе се исплаќа.

„Тоа се огромни средства за МО, но ние ќе дадеме сѐ од себе за да се зголеми буџетот, оваа година ќе програмираме да биде над 2,15 проценти согласно БДП. Денеска еве го имаме тој состанок, програмираме над 2,30 проценти да биде буџетот зголемен. Да видиме што ќе се случува, а последниот збор ќе го има Министерството за финансии“, изјави Мисајловски, по примопредавањето на донација во опрема од Турција за Армијата.

Договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од типот AW149 и AW169M за потребите на Армијата, вреден 249,5 милиони евра, во име на владите на двете земји беше потпишан во март, годинава, од страна на министрите за одбрана Славјанка Петровска и Гуидо Кросето. Со потпишувањето на овој договор покрај набавката на осум хеликоптери кои треба да бидат испорачани во периодот од 2026 година до крајот на 2028 година, вклучен е и пакет за логистичка поддршка односно опрема, резервни делови, тренажер, комплетна обука на летечкиот и техничкиот персонал и изградба на модерен инфраструктурен објект. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ