сабота, 27 јули 2024
Реакција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Бавно, но стаса правдата за Елена Доцевска Божиновска

Објавено на

часот

Сподели

Мисајловски рече дека во оваа прилика би ја споменал и пратеничката Жаклина Пешевска што доаѓа од Гази Баба и што истото, како што нагласи, ѝ се случуваше во минатото. Истото тоа се случуваше пред нејзините дечиња кога беше апсена, рече тој.

Мисајловски порача на граѓаните да го кренат својот глас и да си ги бараат своите права.

„Кога се менуваше името, кога се формираше СЈО, кога се правеа тие уставни измени, кога силата ја добиваше СДСМ и ДУИ од многу институции, од нивните обвинителства, од нивните судови, тоа го правеа со една цел да го угнетат македонскиот народ, да тргнат против ВМРО-ДПМНЕ, да го тргнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на крајот да се смени името“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој оцени дека СДСМ, која ја продолжува старата пракса и со уставни измени, но оцени дека нема да им успее.

„Затоа го повикувам целиот македонски народ, го повикувам да ни се приклучи, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ има храбри луѓе, има луѓе кои што ја сакаат Република Македонија и ќе направат се за Македонија. Жаклина Пешевска беше пратеник кој што беше угнетуван, Елена Доцевска Божиновска беше личност која што работеше во Собранието и таа беше угнетува и ѝ беа одземени човековите права. Има и многу луѓе кои што се во занданите и ним им беа одземени нивните права. Сите тие сакаат правда, не бараат ништо друго“, нагласи Мисајловски.

Тој упати порака  дека невини луѓе лежат по затвори додека криминалците на власта слободно се шетаат и порача дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е заштитник на криминалот на власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ