Според посредниците, се размислувало за 60-дневно примирје во кое ќе бидат ослободени до 30 заложници, додека Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници и ќе го зголеми протокот на хуманитарна помош во Газа.
Весникот наведува дека „двете страни ги зацврстиле своите позиции“, при што Израел инсистира на ослободување само на живите заложници и одбива да одобри ослободување на некои палестински затвореници предложени од Хамас, додека од друга страна Хамас повторно почнал да инсистира на договор што ќе доведе до крај на војната, предизвикана од неговите напади на 7 октомври.
Посредниците изјавија за Волстрит џурнал дека очекуваат двете страни да се вратат на преговарачка маса откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.