сабота, 27 јули 2024

Мирослав Вујиќ исфрлен од „Пајажина“

Објавено на

часот

Сподели

Рамковски пак го бара поранешниот  бранител

Тој во текот  na рочиштето неколку пати беше опоменуван од судијката Павлина Христова која пред десетина минути соопшти дека со одлука на советот на судии Вујиќ е тргнат од “Пајажина“. Пред да биде донесена ваквата одлука, пак, првообвинетиот во процесот  Велија Рамковски побара Насер Руфи да не биде повеќе негов адвокат кој му беше доделен по службена должност откако тој пред два месеца ги откажа услугите на денеска избрканиот Вујиќ. Судијката Христова, како што подоцна изјави Вујиќ не сакала да постапи како што налага законот и да го разреши Руфи, адвокатот по службена должност. Ако тоа се случи  Рамковски би  останал без бранител во обвинението за затајување данок и злосторничко здружување. Но, според  Вујиќ тоа што се случи денеска е намерно испровоцирано од судијката со цел тој да не му биде бранител на Рамковски особено пред рочиштето закажано за в понеделник кога треба да биде сведочењето на вештаците. Поранешниот адвокат на Рамковски поради нарушување на редот и мирот во судницата беше избркан и летоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ