сабота, 27 јули 2024

Мирно на северот на Косово, КФОР и полицијата околу општинската зграда во Звечан (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Околу општинската зграда во Звечан утринава сѐ уште се наоѓаат припадници на Кфор, како и припадници на косовската полиција.

Повредени се повеќе од 50 Срби, од кои двајца потешко, и повеќе од 25 припадници на Кфор во конфликтот меѓу Кфор и граѓаните што се собраа да го спречат албанскиот градоначалник да влезе во зградата на општинската управа во Звечан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со претставниците на Европската Унија, а ќе има разговори и со амбасадорите на САД, Италија, Германија, Обединетото Кралство и Франција, Русија и Кина.

Вучиќ ги повика Србите да не се судираат со НАТО, а западните земји и меѓународната заедница – да го „вразумат“ косовскиот премиер Аљбин Курти.

Косовската полиција (ПК) синоќа соопшти дека при инцидентите во Звечан на северот на Косово се уапсени пет лица.

„Демонстрантите не ги почитуваа официјалните наредби да си заминат, туку се спротивставија и почнаа да фрлаат разни алатки, молотови коктели, гранати, експлозивни направи и се слушнаа истрели“, се вели во соопштението на ПК, пренесува Радио Слободна Европа.

Според полицијата, „поради невоздржаното насилство“ досега се повредени неколку службеници на Кфор, а петмина осомничени се уапсени.

Косовската полиција соопшти дека демонстрантите провоцирале, биле насилни и напишале натписи со српски и руски симболи на полициските возила на Кфор, оштетиле делови од возилата и ги дупнале гумите.

Од утрото на 29 мај, групи Срби се собраа на протести во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ поради насилното влегување на новите градоначалници на општините на север во општинските згради.

Војниците на мировната мисија на НАТО на Косово (Кфор) интервенираа против демонстрантите собрани пред зградата на општина Звечан.

Во судирите беа повредени околу 25 припадници на Кфор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ