сабота, 27 јули 2024

Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих на 3 март во Скопје

На 3 март во Македонска филхармонија ќе настапи една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ во улога на контроверзната германска „femme fatale“,  холивудската глумица, пејачка и активистка, Марлен Дитрих.

Објавено на

часот

Сподели

Во режија на Харис Пасовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата на Сараевскиот народен театар „Марлен Дитрих – пет точки од обвинението“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал Mittelfest.

Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите. Марлен Дитрих беше таков уметник.

А, таква е и оваа претстава.

Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и ВИП – 2.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ