вторник, 24 декември 2024

Mира од Делчево на 74 години се качи на Килиманџаро

Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка.

Објавено на

часот

Сподели

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

„Мира Симоновски, 74 годишен планинар од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5.895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски“, се вели во честитката од КПС АЗОТ.

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години ја достигна висината од 5.137 метри на врвот Арарат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ