Валенсија никако да победи на гостински терен, вечерва имаше предност на „Монтиливи“, но Жирона се избори за реми.
По едно прво полувреме со малку шанси, Диго Лопез го отвори резултатот во 58. минута откако се уфрли во прав момент и ја смести топката во мрежа по додавањето на Фулкие.
Сепак, Жирона брзо одговори, Стуани одлично се снајде по една нафрлена топка на Гутиерез и со глава погоди за 1-1 во 64. минута.
⚽️ GOAL: Stuani
🇪🇸 Girona 1-1 Valenciapic.twitter.com/jclXqIJcDj
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 15, 2025
Бојан Миовски беше стартер на овој натпревар и помина еден час на теренот во дресот на домаќините, додека пак Столе Димитриевски остана на клупата на гостите.