недела, 20 октомври 2024
Македонецот следната недела ќе започне нова авантура

Миовски со солзи се опрости од Абердин, Романо го потврди неговиот трансфер (ВИДЕО)

Бојан Миовски е пред трансфер во Жирона, Македонецот попладнево со солзи во очите се опрости со навивачите на Аберди и со соиграчите.

Објавено на

часот

Сподели

Изминативе денови имаше многу гласини за трансфер на Бојан Миовски во Жирона, напаѓачот треба да биде замена за Артем Довбик, кој се пресели во Рома.

Дека преговорите се во завршна фаза пристигна потврда по крајот на натпреварот помеѓу Абердин и Сент Мирен.

Македонецот шанса доби во финишот на мечот, и по последниот свиреж, Бојан Миовски со солзи во очите се опрости од навивачите и соиграчите.

Познатиот новинар Фабрицио Романо пак порача дека преговорите се практично завршени и следната недела Бојан Миовски ќе биде промовиран како нов фудбалер на Жирона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ