сабота, 27 јули 2024
Македонецот игра во фантастична форма во Абердин

Миовски си постави цел за до крајот на сезоната

Објавено на

часот

Сподели

Во својата прва сезона како фудбалер на Абердин, Миовски досега има 18 голови од кои 16 се во шкотската лига. До крајот на сезоната има уште пет кола, тој цели кон бројката од 20 погодоци. 

„Сакам да дадам 20 гола, блиску сум до таа бројка, но ако ја стигнам сакам да продолжам со головите. Сакам да завршам силно во оваа сезона“, вели македонскиот репрезентативец.

Со партнерот од Зеленортските оствори, Дук се најдобриот тандем кој Абердин го имал после 30 години, а Миовски освен што се радува на одличната соработка со него, среќен е што привремениот тренер Бери Робсон ќе остане уште две години во клубот.

„Со Дук уживаме на теренот, секојдневно разговараме како да се подобриме и навистина многу сакам да играм со него. И нема некое ривалство меѓу нас, кој повеќе голови да даде, зашто постојано се поддржуваме. Се радувам на секој негов гол, како што тој се радува на секој мој погодок, зашто ако продолжиме со головите, навивачите ќе бидат радосни, а клубот задоволен. Со Бери, пак, сме неколку недели и среќен сум што останува уште две години, зашто уживаме да играме, а играме добар фудбал“, додава Миовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ