сабота, 27 јули 2024
Ќе биде голем удар за Македонија ако не може да игра против Украина и Англија

Миовски се повреди, брутален старт врз Македонецот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Повредата се случи на натпреварот меѓу Абердин и Сент Мирен.

Фудбалерот Смол од Сент Мирен, со отворен ѓон брутално стартуваше врз македонскиот фудбалер. По прегледувањето на ВАР снимката тој доби директен црвен картон. А за жал, Миовски мораше да го напушти теренот.

Стартот изгледа исклучително остро и можеби се работи за сериозна повреда, тоа би значело дека Миовски нема да може да игра на дуелите за Македонија против Украина и Англија.

Се очекува во текот на утрешниот ден да има повеќе информации за тежината на повредата на Миовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ