По одличните изданија во Шкотска, Миовски направи мега трансфер во Жирона со која ќе настапува и во Лигата на шампионите.
„25-годишниот напаѓач, Бојан Миовски ќе го засили нападот на Жирона. Македонскиот офанзивец потпиша четиригодишен договор со трајност до јуни 2028 година откако беше постигнат договор со Абердин. Миовски кој веќе ги помина медицинските прегледи од утре ќе се приклучи на тренинзите на тимот“, стои во соопштението на Жирона.
Жирона пред да ја објави веста за трансферот на Миовски, објави видео со овошна салата која во Шпанија е позната под името „Македонија“.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/c3fdhybcwJ
— Girona FC (@GironaFC) August 15, 2024
Новата сезона во Ла Лига почнува денеска, Жирона гостува кај Бетис, Миовски ќе биде во комбинација за настап од второто коло.