недела, 20 октомври 2024
Игра во одлична голгетерска форма на стартот од сезоната

Миовски на втор меч во низа е стрелец, Македонецот го однесе Абердин во четвртфинале

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски не запира, Македонецот на втор меч во низа ја тресе противничката мрежа.

Вечерва Аберден ја забележа првата победа во новата сезона, славеше со 1-2 на гостувањето кај Стирлинг во Лига Купот и обезбеди четвртфинале.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Миовски доби топка од Девлин и донесе 0-1.

Кларксон во 63. минута погоди за 0-2, а домаќините само успеаја да го ублажат поразот преку Спенс во 75. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ