понеделник, 27 мај 2024

Миовски му даде гол на Селтик, но Абердин загуби на пенали (ВИДЕО)

Малку фалеше Бојан Миовски со Абердин да го помине големиот Селтик и да се пласира во финалето од шкотскиот клуб, црвените го загубија мечот на пенали.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски имаше фантастичен старт на мечот, уште во втората минута погоди за водство на Абердин од 1-0.

Селтик изедначи на 1-1 со гол на Кун во 21. минута. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

Селтик во 63. минута преку Форест го сврте мечот и поведе со 2-1, но Соклер во 90. минута даде гол со глава за 2-2. Мечот отиде во продолженија.

Миовски беше повлечен од игра во 100. минута откако се пожали на повреда.

Во 105. минута Орајли го врати водството на Селтик, но во 119. минуута Мекдоналд погоди за 3-3, па пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата Абердин промаши двапати, Селтик еднаш и се пласира во големото финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ