недела, 20 октомври 2024
Македонецот се сели во Ла Лига

Миовски ќе игра во Лигата на шампиони, паднал договор за трансфер во Жирона

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Бојан Миовски ќе биде замената за Артем Довбик во Жирона, начелно е постигнат договор за трансфер на Македонецот.

Објавено на

часот

Сподели

По одличните настапи во Шкотска минатата сезона, неколку клубови пројавија интерес за услугите на Бојан Миовски, а последните информации велат дека напаѓачот се сели во Шпанија.

Македонецот ќе биде замената за Артем Довбик во Жирона, кој минатата сезона беше најдобриот стрелец во Ла Лига.

Мундо Депортиво објави дека начелно е договорен трансфер на Бојан Миовски и останува уште да се испеглаат деталите за да се реализира зделката.

Жирона минатата сезона беше најпријатното изненадување во Ла Лига, момците на Мичел долго време им пркосеа на Барса и Реал, и обезбедија топ четири финиш и настап во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ