сабота, 27 јули 2024
Македонецот игра во врвна форма

Миовски ја затресе и мрежата на Данди, но може да остане без тренер (ВИДЕО)

Бојан Миовски го постигна голот број 18 оваа сезона, Македонецот од пенал ја затресе и мрежата на Данди, но Абердин одигра само 1-1, па сериозно се тресе столчето на тренерот Бери Робсон.

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски продолжи да игра во врвна форма, напаѓачот стрелаше и вечерва против Данди.

Македонецот во 31. минута реализираше од пенал, гостинскиот голман го прочита и се фрли на правата страна, но ударот беше толку прецизен и заврши во малата мрежа.

Сепак, 11. погодок на Миовски во првенството на Шкотска (18. во сите натпреварувања), не беше доволен за Абердин да ги освои трите бода.

Данди во вториот дел се избори за 1-1, па од трибините се слушаа свирежи по крајот на натпреварот.

Сериозно се тресе тренерското столче на Бери Робсон, па Бојан Миовски може да остане без тренер и да добие нов кормилар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ