петок, 18 октомври 2024

„Миовски има квалитет да игра во Селтик и Ренџерс“

Македонскиот напаѓач и во втората сезона во Абердин игра во голема форма и покрај тоа што клубот не бележи добри резултати.
 

Објавено на

часот

Сподели

Миовски оваа сезона има одиграно 16 меча во сите натпреварувања и постигна девет гола и три асистенции.

Поранешниот шкотски фудбалер, а сегашен аналитичар, Там Мекманус вели дека Миовски може слободно да игра и за гигантите Селтик и Ренџерс.

„Мислам дека тој е одличен фудбалер. Миовски е многу добар напаѓач. Мислам дека може да игра и во Селтик и во Ренџерс, а притоа да биде важен за клубот. Не сакам да го натерам да замине од Абердин, но сметам дека клубот ќе има проблеми да го задржи во иднина“, вели Макманус за „Абердин Лајв“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ