петок, 18 октомври 2024

Миовски: Голот го дадов со последните сили, финалето ќе биде посебен натпревар (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски синоќа го однесе Абердин во финалето од Лига Купот откако го постигна единствениот гол на дуелот со Хибернијан.
 

Објавено на

часот

Сподели

Миовски постигна одличен погодок во финишот од мечот за голема радост на сите кои го сакаат Абердин.

„Посебно е чувството кога ќе добиеш ваков натпревар и тоа пред своите навивачи. Беше тежок меч, но заслуживме да прославиме на ваков начин. Голот го постигнав со последните сили, со последниот шут што можев да го упатам. Бев изморен бидејќи играв како единствен напаѓач, а имавме и играч помалку. Верувавме во себе, стигнавме до шанса, постигнавме гол и сега сме во финале. Покажавме менталитет на теренот, се браневме многу добро и бевме концентирани до последната секунда. Горд сум на овие момци. Го оставивме срцето на терен“, изјави Македонецот.

„Никогаш не сум играл финале во Куп така да не знам какво е чувството, но знам дека ќе биде посебно за мене, за сите нас бидејќи долговреме немаме играно во финале. Ќе биде посебен натпревар“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ