петок, 18 октомври 2024

Миовски го победи Здравковски во македонското дерби во Шкотска

Абердин со 4-2 славеше на гостувањето кај Мадервил, тоа беше дуел меѓу македонските фудбалери Бојан Миовски и Давор Здравковски.
 

Објавено на

часот

Сподели

Миовски беше стартер, Здравковски мечот го почна од клупата за резерви.

Абердин даде четири гола, но Миовски не се запиша во листата на стрелци. Нашиот напаѓач од игра излезе во 72. минута од натпреварот при водство на неговиот тим од 3-0.

Две минути претходно Давор Здравковски влезе во игра во составот на Мадервил и ги одигра последните 20 минути од мечот во кои неговиот тим постигна два гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ