петок, 13 септември 2024

Миовски дебитираше за Жирона, неговиот тим загуби од Атлетико Мадрид

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски ги одигра првите минути за Жирона, но неговиот тим со 3-0 загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски во игра влезе во 59. минута. Македонецот имаше две можности за гол, првиот шут му беше блокиран, а вториот го одбрани Облак.

Атлетико Мадрид поведе во 39. минута со убав гол од слободен удар на Гризман.

По три минути игра во вториот дел Љоренте постигна фантастичен погодок за предноста на домаќините од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Коке во четвртата минута од продолжението по една контра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ