сабота, 19 октомври 2024

Миовски дава голови и во Европа, Македонецот го спаси Абердин од пораз (ВИДЕО)

Со гол во финишот од натпреварот, македонскиот напаѓач Бојан Миовски донесе бод за Абердин во дуелот со Хелсинки во Конференциската лига, мечот заврши 1-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Абердин не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и да го совлада Хелсинки, мечот заврши 1-1, а стрелец на голот за шкотскиот тим беше Бојан Миовски.

Во првиот дел немаше погодоци, а во второто полувреме Радуловиќ во 59. минута донесе водство на Хелсинки. Тој резултат беше актуелен до 79. минута кога Миовски погоди со глава за 1-1. Во финишот Абердин се обидуваше да направи комплетен пресврт, но не успеа.

За Бојан Миовски ова беше прв гол во европските клупски натпреварувања.

Астон Вила со 1-0 го победи Зрињски, Фиорентина и Ференцварош одиграа нерешено 2-2, Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 загуби на гостувањето кај ПАОК.

Фенербахче со 2-1 славеше кај Спартак Трнава, Нордсјеланд ја наполни мрежата на Лудогорец победувајќи го со 7-1, Чукарички на домашен терен загуби од Генк со 2-0, а АЗ Алкмар со 1-0 триумфираше над Легија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ