„Конкурсот има цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската култура, надвор од границите на нашата држава, преку јакнење на европската културна соработка и реализација на културни активности во земјава и надвор од нејзините граници“, се појаснува во соопштението.
Право на учество на конкурсот имаат правни лица – установи од областа на културата – национални, локални или приватни, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица, кои се регистрирани во Македонија за вршење дејност од областа на културата во согласност со закон.
„Критериумите и мерилата за оцена на проектните активности во европските проекти се содржани во пријавата, што е составен дел од конкурсот и е објавена на веб-страницата на Министерството за култура и туризам – www.kultura.gov.mk, додека, пак, правните лица кои членуваат во европски мрежи поддржани од потпрограмата „Култура 2021 – 2027“ , пополнуваат посебна пријава, што исто така е составен дел од конкурсот“, се додава во соопштението.
Пријавите се доставуваат до ова министерство по пошта – улица „Ѓуро Ѓаковиќ“ број 61, 1000 Скопје, со датум на поштенскиот жиг или лично во писарницата на Министерството за времетраењето на конкурсот.
Конкурсот ќе трае до 21 февруари, до 12 часот.
„Пријавите што се ненавремени, односно се доставени по истекот на рокот утврден во конкурсот, што не ги исполнуваат условите наведени во конкурсот и што не се целосно и соодветно пополнети, нема да бидат разгледувани. Документите и материјалите доставени со пријавите на конкурсот не се враќаат“, се истакнува во соопштението.
За резултатите од конкурсoт, како што се додава, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. Резултатите ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството.
За реализација на прифатениот проект, како што се појаснува, Министерството ќе склучи договор со учесникот што добил поддршка на конкурсот, каде ќе се утврдат условите и обврските за користење на средствата.