сабота, 27 јули 2024

Министрите за надворешни работи на Кина и Јапонија се сретнаа по три години

Објавено на

часот

Сподели

Последната посета на јапонскиот министер за надворешни работи на Кина беше пред пандемијата на крајот на 2019 година, а последната средба лице в лице меѓу министрите за надворешни работи на двете земји беше на крајот на 2020 година. Постојат сериозни разлики во мислењата во однос на кинеските територијални претензии во Источното Кинеско Море, тесната соработка на Јапонија со САД и зајакнувањето на јапонската војска.

Двете земји исто така не се согласуваат околу новите ограничувања на јапонскиот извоз на опрема за производство на полупроводници и испуштањето на контаминираната вода за ладење од оштетениот нуклеарен реактор во Фукушима во морето. Покрај тоа, неодамнешното апсење на вработен во јапонската фармацевтска компанија Астелас под обвинение за шпионажа во Кина ги заостри односите.

Посетата на министерот за надворешни работи беше договорена од кинескиот лидер Си Џинпинг и јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на разговорите на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Бангкок во ноември.

Двете страни, исто така, воспоставија телефонска линија меѓу своите сили во петокот, што е планирано со години, за да се избегнат можни недоразбирања во случај на инциденти, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

Програмата на Хајаши вклучува и разговори со новиот потпретседател на кинеската влада Ли Чијанг и високиот претставник за надворешна политика Ванг Ји. Хајаши рече дека го повикал Пекинг за предвремено ослободување на приведениот јапонски државјанин за време на состанокот.

„Протестирав поради неодамнешното приведување на Јапонец во Пекинг и го истакнав нашиот став по ова прашање, вклучително и предвременото ослободување на тој државјанин“, им рече Хајаши на новинарите по средбата со Чин. Тој додаде дека Јапонија бара транспарентност во правниот процес во врска со притворањето, но не кажа каков бил одговорот на Кина.

Посетата доаѓа една недела откако портпаролот на Астелас фарм изјави дека нивниот вработен бил приведен во Кина од непознати причини. Најмалку 16 јапонски државјани, не сметајќи го тој случај, се приведени во Кина под сомнение за шпионажа од 2015 година, според Кјодо њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ