сабота, 27 јули 2024

Министрите за финансии на еврозоната ќе се фокусираат на грчкиот долг

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната ќе се дискутира за формата што треба да ја добие реорганизирањето на грчкиот долг, како дел од вториот пакет за спас на Атина.

Ова следува откако преговарачите на приватните кредитори си заминаа од Грција без постигнат договор да се отпише дел од долговите на земјата.

Од Институтот за меѓународни финансии, кој ги застапува кредиторите, изјавија дека техничка екипа ќе остане за понатаму да ги разработува деталите.

Европските лидери минатата година начелно се договорија приватните кредитори доброволно да отпишат 50 отсто од своите заеми за Грција, но останува да се договорат условите.

Спасувачкиот пакет од 130 милијарди евра од ЕУ и ММФ е пресуден за Грција да успее да го стигне следниот краен рок за исплата за два месеци.

Без вториот спасувачки пакет Грција нема да успее да врати 14,5 милијарди евра од доспевачките обврзници во март.

Доколку на Грција ѝ се случи дефолт (не успее да ги исплати обврзниците), тоа ќе предизвика уште поголема криза во еврозоната и ќе ја поткопа заедничката валута.

Вчера министерот за финансии на Германија, Волфганг Шубле, изјави дека е важно долгот на Атина да се спушти на ниво што може да се покрие до 2020.

Утринава еврото имаше благ пад во однос на доларот во Азија, а инвеститорите внимателно го следат состанокот на министрите за финансии очекувајќи позитивни сигнали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ