Членката на НАТО, Турција ги поддржа бунтовниците против претседателот Башар ал Асад во 12-годишната граѓанска војна и испрати свои војници во северна Сирија.
Москва е главниот сојузник на Асад и го охрабрува помирувањето со Анкара, но Дамаск бара целосно повлекување на турските сили за обновување на односите.
Министрите и шефовите на разузнавачките служби во Москва разговараа за зајакнување на безбедноста во Сирија и нормализирање на врските меѓу Анкара и Дамаск, соопштија одделно турското и руското министерство за одбрана.
Сите четири земји уште еднаш ја изразија желбата за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и потребата од интензивирање на напорите за брзо враќање на сириските бегалци во земјата, се наведува во соопштенијата.
Министрите за одбрана на Сирија и Турција разговараа во декември во Москва и тоа беше прва средба на високо ниво од почетокот на војната.