сабота, 27 јули 2024

Министрите на ЕУ без договор за дозвола на Украина да напаѓа руска територија со западно оружје

Министрите за одбрана на Европската Унија денеска не успеаја да постигнат договор да и се дозволи на Украина да користи западно оружје за напади на руска територија, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека тоа би било „играње со оган“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Членките на ЕУ веќе се согласија колективно да обезбедат воена помош за Украина. Додека некои земји обезбедуваат оружје на земја зафатена од војна со минимални барања, други го прават тоа под услов оружјето да се користи само на украинска територија.

Киев тврди дека мора да ја гаѓа Русија бидејќи таа ја напаѓа Украина од нејзина територија, пишува агенцијата Дпа.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, на прес-конференција по состанокот на министрите изјави дека нападите за самоодбрана врз воени цели на руска територија се „легитимен чин според меѓународното право кога се користат на пропорционален начин“.

Министрите, исто така, не успеаја да се договорат дали на воените инструктори од ЕУ треба да им се дозволи да спроведуваат обука на украинска територија. Некои стравуваат дека тоа ќе го зголеми учеството во војната и ризикот од директна конфронтација меѓу Русија и Западот.

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди членките на НАТО дека си играат со оган кога предлагаат да и се дозволи на Украина да го користи нивното оружје за напади на руска територија.

За украинските напади со оружје со долг дострел, тој рече дека им е потребна западна разузнавачка и воена помош и сателити, што значи дека Западот мора директно да биде вклучен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ