петок, 10 јануари 2025

Министерството за животна средина го прекина алармот за загаденост во Струмица

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) утрово соопшти дека прагот на алармирање за екстремна загаденост со РМ10 честичките во Струмица е прекинат.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух (ДАМСКАВ) од 9 јануари 2025 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честичките е прекината во Струмица“, соопштија од МЖСПП.

Завчера, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е надминат прагот на алармирање за присуство на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) во Струмица и препорача бремените жени и лицата над 60 години да останат дома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ