петок, 18 октомври 2024

Министерството за здравство за дијабетичарите: Ќе ги корегираме пропустите на претходното раководство

Објавено на

часот

Сподели

Од првиот ден министерот д-р Фатмир Меџити е во комуникација со здруженијата и пациентите и транспарентно ги посочи наследените проблеми и причините за пролонгирање на набавките, соопшти МЗ.

„Здруженијата на почеток од следната недела ќе бидат повикани повторно на средба и уште еднаш заеднички ќе се разговара за состојбата и ќе бидат информирани за процедурите кои течат во моментот за набавка на потребната терапија. Тужби не се решение ниту има потреба од нив затоа што министерството е партнер со здруженијата, но ако тие веќе решиле да тужат, тоа треба да биде насочено кон претходното раководство кое ги создаде проблемите кои денес се труди министерството да ги надмине. Уште еднаш апелираме за воздржаност и разбирање, бидејќи се прави апсолутно се што е во моќ на министерството, запазувајќи ги правните процедури и рокови од кои едноставно не можеме да отстапиме“, соопшти МЗ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ