среда, 19 март 2025

Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка за семејствата и пациентите од трагедијата во Кочани

Министерството за здравство (МЗ) информира дека се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите од трагичната несреќа во Кочани. Сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за здравство, мобилните тимови се формират во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија.

„Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните“, пишува во соопштението.

Министерството за здравство наведува дека останува посветено на унапредување на менталното здравје и обезбедување на соодветна грижа за сите граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ