Досега со оваа фирма биле потпишани два договора, првиот во 2014 и вториот во 2021 година со вкупна вредност од 9 милиони евра. Рокот за завршување на работите на вториот договор бил 2024 година.
Договорите се однесувале на реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на Општата болница во Кичево.
Фирмата Инсталими е од село Длапкин Дол, Зајас Кичево, застапувана од Рукије Исеини.
Од Министерството за здравство велат дека е јасно дека објектот нема да биде завршен во предвидениот рок и дека по раскинување на договорот ќе се бара и надомест за направената штета.
Во меѓувреме жителите на Кичево се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница, која не ги задоволува потребните услови.