петок, 18 октомври 2024

Министерството за здравство е за зголемување на платите на здравствените работници

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за здравство Фатмир Меџити на последниот состанок со претседателот на Синдикатот на Клинички центар д-р Предраг Серафимовски и со д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита разговараа за состојбите во здравството и беа спомнати повеќе идеи во врска со Клинички центар, специјализациите, подобри услови за работа на здравствените работници, нивно стручно усовршување.

На состанокот беше договорено дека од септември ќе се одржи работна средба на која подетално ќе се разработат одредени актуелни прашања, меѓу кои и пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, соопшти Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ