сабота, 19 октомври 2024

Министерството за правда пет години чека одговор за екстрадицијата на Демири

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за правда велат дека одговорен за натамошната постапка сега е надлежниот суд во Приштина, а одговор за екстрадицијата од 2018 година не е добиен.

„За Алил Демири побарани се две екстрадиции. Прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана  на 5.09.2018 година. Во постапките, сѐ што беше побарано од косовските власти беше доставено. Одговор за екстрадицијата од 2018 не е добиен“, соопштуваат од Министерството за правда, дополнувајќи дека екстрадицијата од 2018 година е сѐ уште активна.

Вчера Министерството а внатрешни работи (МВР) соопшти дека олицијата на Косово, во соработка со македонската полиција во Косово го лишил од слобода Алил Демири врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ