сабота, 27 јули 2024

Министерството за правда очекува брз одговор од турските власти за екстрадицијата на Палевски

Во релативно најскоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата на првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо. Затоа што велам дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ. На брифинг во Министерството за правда рекоа дека екстрадицијата може да трае и со месеци и апелираа во јавноста да не се изнесуваат претпоставки во врска со ова прашање.

Објавено на

часот

Сподели

Аврамовска-Мадиќ потстети дека Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, дека министерот го потпишал барањето и документите и дека се доставени до Интерпол и до надлежните органи во Турција.

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на Министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Македонија.

„Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок“, вели Аврамовска Мадиќ.

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

d

„Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи“, вели Аврамовска Мадиќ.

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

„И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција“, рече Аврамовска Мадиќ.

На брифинг со новинарите во Министерството за правда јавноста беше предупредена дека понекогаш екстрадициите можат да потраат и со месеци и апелираа да не се шират претпоставки.

„Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 часот го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме, побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција“, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е првооосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ