петок, 10 јануари 2025

Министерството за правда ја подготвува предлог иницијативата за уставни измени за праќање до Владата

Објавено на

часот

Сподели

Работната група на седницата во петокот ја усвои предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. 

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска.

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Како краен рок за устани измени се посочува ноември, кога треба да заврши скринингот на ЕК и да се одржи втората меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите по поглавја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ