„Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница. Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок. Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област.
Не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции. Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо“, се вели во соопштението на МО.
Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје.